Американските полициски сили се обидуваат да спасат шестгодишно дете кое се качило во импровизиран летечки балон од хелиум кој го направиле неговите родители и одлетало на небото во источно Колорадо – САД. Родителите “леталото“ го опишале како летечка чинија изработена во домашни услови.


Според некои информации, непосредно по влегувањето на детете во балонот се одрврзало јажето со кое тој бил прицврстен на земјата. Балонот летал околу два часа, а потоа спасувачките екипи го спуштиле со радарски пиштол. Американските медиуми прикажуваат снимки од остатоците на балонот, но на нив не се гледа детето.

Полицијата старавува дека детето можеби испаднало од балонот за време на летот, особено поради фактот што била отворена вратичката од леталото. Спасувачите и родителите се надеваат дека детето навреме го напуштило балонот кој имал специјална кошничка која набргу по летот се одвоила од импровизираното летало.

Ohridnews