Македонската фудбалска репрезентација ги заврши настапите на Европското првенство во фудбал. Крајот на континелтаниот собир значеше крај и за Горан Пандев во националниот дрес, кој вчера најави повлекување од репрезентацијата.

Најавата пред мечот и целиот натпревар помина во знакот на Пандев, кој направи и ја задолжи многу македонската селекција во текот на две децении. На средината од второто полувреме Пандев ја напушти играта, а „црвено жолтите“ со шампионски поздрав го испратија во легендите.

Холандија, пак, ја испочитува големината на Пандев и со специјален дрес кој му го подари Вајналдум го поздрави пред почетокот на натпреварот.

OhridNews