Артим Шаќири ќе биде повикан меѓу 18-те фудбалери  на списокот на Јонуз за пријателскиот натпревар со Шпанија  за кого овој дуел ќе биде официјално збогум од националниот дрес.

“- Секако ја уваживме желбата на Шаќири, кој многу има дадено за нашата репрезентација, против Шпанците официјално да се збогува од националниот дрес”, вели Јонуз.

Шаќири (36)  за македонската репрезентација има одиграно 72 натпреваи а постигнал 15 гола, планирано е да ги одигра првите 15 минути од средбата по што би го препуштил местото на некој од помладите колеги.