Приготвената зимница е нераскинлив дел од македонската традиционална кујна. Сезоната на зимници е во полн ек.
Понеделнички пазарот во Oхрид вообичаено најраздвижен. На тезгите голем избор на производи потребни за подготовка на безвременскиот ајвар, лутеница, кисели краставички, зелка, мармалад…
Цените на производите велат нашите сограѓани се повисоки во однос на минатите години, но зимницата нема да изостане, ќе се подготвува иако можеби и во помали количини.
Н.С.Ј.
видео. Б. Стојаноски