Севиља ја продолжи резултатска криза на Барселона. Актуелниот бранител на кралскиот трофеј беше поразен на “Ноу Камп“ со 2-1 од Севиља во 4 – та рунда од купот. Капел по еден час игра го отвори резултата, на 1-1 израмна Ибрахимовиќ, додека конечните 1-2 ги постави резервистот Негредо од пенал. Реваншот се игра на „Рамон Санчез Писхуан“ наредната недела.