Голгетерски расположениот тандем Пандев – Зарате ја продолжија победничката серија на Лацио искачувајќи се врвот во италијанската Серија А.
Македонскиот репрезентативен напаѓач ја наговести победата во 30 минута, додека неговиот партнер во нападат Зарате го “финишираше“ Торино (1-3).
По 5 кола во калчо лигата Пандев постигна четири додека Зарате постигна шест гола.
Миланското дерби му припадна на Милан кој предовден од бразилското трио Кака – Роналдињно – Пато стигна до минимална победа. Стрелец на единствениот погодок беше Роналдињо, кој го постигна дебитантскиот погодок во црвено – црниот дрес.
На остантите натпревари:
Болаља – Наполи 0-1
Рома – Аталанта 2-0
Лече – Каљари 2-0
Палермо – Реџина 1-0,
Катанија – Киево 1-0
Удинезе – Сиена 2-1
Фиорентина – Џенова 1-0
Сампдорија – Јувентус 0-0
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com