После неколкугодишното владаење на Интер во “калчо лигата“ оваа сезона стана интересна откако Милан го доведе “виртуозот“ Ибрахимович и бразилецот Рoбињо. Капитенот на “волчицата“ Франческо Тоти се’ уште го држи препознатливиот ритам. “Старата Дама“ се враќа на патеките по кои цврсто чекореше долги години, додека Наполи, Фиорентина, Палермо и Сампдорија остануваат да ги пратат како верни сенки водечкиот квартет во “калчо лигата“. Италијанската Серија А секогаш изобилувала со добри потези и фантастични погодоци. Во видеото кое следи се најубавите погодоци за 2010 година.


Во Серија А по просек “паѓале“ по 2.28 погодоци по натпревар и полека “аѕурите“ бегаат од епитетот лига на катанаџо. 

Мх.П.