Професионалниот концертен клавир од марката “Seiler”. што општината Охрид го доби на подарок од Интернационалната фондација за музика и уметност од Лихтенштајн, премиерно ќе биде претставен пред јавноста на концертот на Емилија Маринова што ќе се одржи за време на првомајските празници. Маринова која заедно со тимот на локалната самоуправа учествуваше во реализација на донацијата денеска пробно отсвири неколку нумери на новиот клавир.
Привремено клавирот ќе биде сместен во зградата на општината, додека не се изгради концертната сала во основното музичко училиште „Методи Патче“ каде и најмногу ќе биде користен, изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Овој клавир пред се ќе биде наменет за усовршување на младите музички таленти, потенцираше Петрески.
Донацијата е од исклучителна важност за младите музичкиталенти-Петрески
Вредноста на клавирот кој е изработен во фабриката „Seiler” во Кицинген – Германија изнесува 30.000 евра. Во реализација на донацијата помогнало и Министерството за култура кое ја ослободило општината од плаѓање данок и царина за клавирот.
ohridnews