Арсенал со чисти 3-0 го совлада милионскиот тим на Манчестер Сити. “Граѓаните“ од 5-та минута играа со фудбалер помалку на теренот откако исклучен беше Бојата. Арсенал тоа и то како знаеше да го искористи преку погодоците на Насри, Сонг и Бендтер му го нанесе првиот пораз на домашен терен.


По три реми од исто толку натпревари на гостувањата Манчестер Јунајтед ја почуствува сласта на победата откако триумфираа над Стоук со 2-1. Мексиканецот Хавиер Хернандез беше двоен стрелец за “црвените ѓаволи“ додека за Стоук прецизен беше турчинот Тунчај.

Резултати: Мен Сити – Арсенал 0-3, Ливерпул – Блекбурн 2-1, Стоук – Мен Ју 1-2

Табела: Челси 22, Арсенал 17, Мен Ју 17, Мен Сити 17, Тотенхем 15

ohridnews