Кени Далглиш никако да се израдува на триумф, по неговото враќање на клупата на Ливерпул. Први во водство дојдоа “црвените“ со голот на Маирелеш, “карамелите“ направија пресверт со погодоците на Дистин и Бекфорд на стартот на второто полувреме. Ремито го осигура Кајт со голот од пенал.
Натпреварот помеѓу лидерот на табелата во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед и хитот на сезоната Тотенхем не ги оправда очекувањата. Дерби пресметката помина во знакот на борба во срцето на теренот без посериозни напади на обете страни. “Црвените ѓаволи“ во 74-та минута останаа со 10 фудбалери во поле откако исклучен беше бразилецот Рафаел но тоа “петлите“ не го искористија.
Резултати : Бирмингем – Астон Вила 1-1, Сандерленд – Њукасл 1-1, Ливерпул – Евертон 2-2, Тотенхем – Манчестер Ј. 0-0
Табела : Манчестер Ј 45, Мен Сити 45, Арсенал 43, Тотенхем 37 . . .