Вселенскиот брод, произведен од компанијата „Врџин галактик“ на ексцентричниот британски милијардер Ричард Брансон, наменет за туристички летови, експлодира за време на пробен лет и се урна во пустината Мохаве во Калифорнија.
За време на несреќата во леталото имало двајца пилоти, од кои едниот загинал, а другиот е повреден, јави БТА.
„Спејсшип 2“ е трговска верзија на „Спејсшип 1“, првиот приватен вселенски брод.
OhridNews
Извор:„МИА“