Стотина лица, вработени во НП Галичица, ТППЕ Охрид, ТППЕ Ресен, Планинарска спасителна служба при Црвен крст Охрид, Планинарски клуб Патагонија, ДЗС Охрид, Ресен и Неготино, резерват Езерани и доброволци од Охрид и Ресен, со натчовечки напори и помош од воздух се обидуваат да воспостават контрола врз пожарот кој беснее 12 дена на планината Галичица.
Општ заклучок е дека без воздушна поддршка многу тешко ќе се елиминира пожарот, велат од НП Галичица.
Пожарот е осигуран во одрени предели на македонска страна, но се уште постојат активни жаришта.
За состојбата на Галичица детален брифинг преку видео изјава дава стручниот соработник за заштита на природата во НП Галичица Ѓуро Јовчески:
Се прават напори да се воспостави контрола над пожарот на Галичица
Г.М.