На денешната владина седница донесени се дел од уредбите на економските мерки за справување со владата. Меѓу нив се уредбите за субвенционирање на платите за вработени лица, за занаетчии и за субвенционирање на 50 отсто од придонесите. Со носење на уредбите стапуваат на сила мерките од вториот економски пакет на Владата, информира претседателот на владата Оливер Спасовски.
Владата очекува 250.000 граѓани да аплицираат за мерката за субвенционирање на платите за месеците април и мај поради кризата со коронавирусот.
- Со оваа мерка државата ги спасува работните места на граѓаните. Дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за мерката субвенционирање на минимална плата. Ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места или 35.000 компании. Сумата која ќе ја добие секој работник е 29.000 денари за двата месеци. Работодавачот треба да достави барање до Управата за јавни приходи, која е задолжена веднаш да ги утврди формата и обрасците за аплицирање. Аплицирањето треба да се изврши преку системот Е-даноци до 5-ти во месецот за претходниот месец. УЈП во рок три дена треба да одговори на барањето на работоавачот. Исплатата пак на средствата од страна на државата ќе се врши до 13-ти во месецот за претходниот месец“, информира на денешната прес конференција премиерот Оливер Спасовски.
Работодавачите кои ќе ја искористат ваквата помош од државата не треба да отпуштаат вработени во наредните 4 месеци.
Алтернативна мерка за фирмите е субвенционирање на 50 отсто од придонесите на вработените. Придонесите не треба да бидат повисоки од оние кои се плаќаат за просечната плата во земјава.
OhridNews