Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ со камера ги забележаа подводните убавини на Охридското Езеро во зима. На снимката се гледа како се обновува популацијата на подводниот рак, кој е редок вид во езерото.

Наидовме на живеалишта од ракови на 10 метри длабочина. Од видеото може да се види дека ракот има многу јајца, тоа е прекрасно. Ракот се смета за загрозен вид во Охридско Езеро, но еве се размножува, треба да го чуваме. Локацијата е на потегот Потпеш/Канео на 600 метри од брегот на длабочина од 10 метри и температура од 07 степени. – велат членовите на „Акватек“ кои ги направија овие прекрасни снимки.

Подводните убавини на Охридското Езеро во зима

OhridNews