Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2023 година, неодамба се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред село Пештани.

Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина, информираат од Општина Охрид.

Чистењето го реализираше Клубот за подводни активности “Охрид” од Охрид, со цел подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро, која, како што велат од клубот, за жал, се уште е на ниско ниво.

Ова видео е повеќе од доволно да ја видиме состојбата на дното на нашиот Македонски бисер. Клубот за подводни дејности Охрид организирал и ќе организира вакви акции, но останува прашањето до кога и до каде ќе оди оваа неодговорност. – посочуваат од клубот.

OhridNews