Со милениуми заспаниот супер вулкан под езерото Лахер крај Бон – Германија дава вознемирувачки знаци на будење предупредуваат научниците. Овој супер вулкан еруптира на секои 10 до 12.000 години, а последната ерупција се случила пред 12.900 години, поради што се стравува дека наскоро би можел повторно да проработи. При последната ерупција лава, камен и пепел прекриле околу 1000 квадратни километри територија, пишува „Daily Mail“, пренесува хрватскиот портал „index“.

Честите потреси забележани минатата година според научниците говорат дека вулканот е се поактивен. Негово целосно будење ќе предизвика катастрофа од невидени размери, па дури и краткотрајно заладување на Земјата, затоа што пепелта ќе ја блокира сончевата светлина.

По големина овој вулкан се споредува со вулканот Пинатобу на Филипините кој во 1991 година ја имаше најголемата ерупција во 21 век и предизвика глобално заладување од 0,5 степени Целзиусови.

Вулканолозите веруваат дека вулканот Лахер е сеуште активен, затоа што исфрла јаглен диоксид во езерото што се забележува по меурчињата на површината на водата.


OhridNews