После победата на УС Опен Рафаел Надал стана најмлад тенисер кои ги обединил сите четири гренд слем турнири. Рафаел Надал како познат фан на “Лос Бланкос“ пред почетокот на натпреварот беше поздравен со громогласни аплуази од преполниот Сантијаго Бернабе.


– Ова треба да се доживее, неможам да ви го раскажам. Што се однесува до Реал Мадрид? Треба да се стрпливи фудбалерите, го имаат најдобриот стратег на светот Жозе Мурињо успесите ќе си дојдат сами по себе. изјави популарниот Рафа.

Натпреварот од првото коло помеѓу Реал Мадрид и Ајакс заврши со триумф на “кралевите“ со 2-0.

Мх.П.