Биктата за Манчестер му припадна на “црвените ѓаволи“ откако со 2-1 го совладаа ривалот Сити, “бебињата“ со овој триумф се зацврстија на првото место на табелата.


Португалецот во дресот на Јунајтед, Нани го отвори резултатот во 42-та минута искористувајќи ја одличната асистенција на ветеранот Рајан Гигс.

Со серија измени во вториот дел менаџерот на “сините“ Роберто Манчини покажа дека не се дојдени лесно да го положат оружјето. Со внесувањето во игра на босанецот Џеко, нападот на “граѓаните“ доби повеќе опции. По нафрлената топка до робусниот напаѓач Џеко кој шутираше топката среќно се одби од Давид Силва и заврши зад грбот над Едвин ван дер Сар.

Градската пресметка помеѓу Јунајтед и Сити не би била интересна доколку на натпреварот не се случи некој потег што ќе се памети. За таков беше задолжен Вејн Руни кој  на спектакуларен начин со “ножички“ ја затресе мрежата на англискиот репрезентативец Џо Харт и донесе вреден триумф во трката за титулата.

Двојки: Манчестер Јунајтед-Манчестер Сити 2-1, Арсенал-Вулверхемптон, Бирмингем-Стоук, Блекбурн-Њукасл, Ливерпул-Виган,ВБА-Вест Хем, Блекпул-Астон Вила,Сандерленд-Тотенхем

Недела : Болтон-Евертон

Понеделник:  Фулам-Челзи. 
 

Мх.П.