Росонерите од Милано славеа на последниот натпревар од 8. рунда во италијанската Серија откако го совладаа Наполи со 2-1 и се искачија на второто место на минус два бода од римски Лацио.


Погодиците за четвртата победа во низа ги постигнаа Робињо во 22 и Ирахимовиќ во 72, двата по асистнеција на резервистот Одо, кој во 12 минута го замени Антонини. Почесниот гол беше мајсторија на Лавеци во 78 минута. Домаќините целото второ полувреме го одиграа со играч помалку по исклучувањето на Пациенза

Милан в сабота на Сан Сиро го пречекува Јувентус.