“Росонерите“ по три кола повторно се вратија на победите откако со 3-2 го совладаа Удинесе. Холандскиот напаѓач Хунтелар на два пати и еднаш бразилецот Пато погодија за Милан, додека Флоро Флорес  и Антонио ди Натале ги постигнаа головите за Удинесе. Натпреварот со Удинесе беше генералната проба за Леонардо во пресрет на осмина финалниот натпревар во Лигата на Шампиони во вторник против Манчестер Јунајтед.

Денес и утре се играат останатите натпревари од Серија А. Рома го пречекува Палермо, додека Интер му гостува на Наполи.