Милан со 3-1 го совлада Киево и прокнижи нови три бодови на своето конто во Серија А. Бразилскиот талент Александре Пато беше прецизен во 18-та и 30-та минута од првиот дел, неизвесноста ја врати Ибрахимовиќ кој си постигна погодок во својата мрежа додека конечните 3-1 ги постаи Робињо во 90-та минута.


Резултати: Милан – Киево 3-1, Рома – Џенова 2-1.

Табела: Милан 14, Лацио 13 (-1), Интер 11 (-1), Наполи 11 (-1). . .