Од натпревар во натпревар гледаме разноврсни потези од широкиот асортиман на португалецот Кристијано Роналдо. Популарниот “CR 7“ на мечот со Сарагоса постигна погодок од слободен удар, топката кон голот на немоќниот Лео Франко се движеше со 105 километри на час.
Аргентинецот во дресот на “блауграната“ продолжи да ги меле дефанзивците од противничкиот табор. Следни на менито на Лионел Меси и компанија беа гостите од Сосиедад кој беа торпедирани со 5-0. Меси постигна два несекој дневни погодоци и асистираше за првиот.