Португалскиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо е избран за најдобар фудбалер во светот, во гласањето на Здружението на професионални фудбалери (ФИФПро).

Кристијано Роналдо минатата сезона го предводеше Манчестер јунајтед до титулата во англиската Премиерлига и до трофеј во Лигата на шампиони.

Роналдо постигна 42 погодоци и ја освои „златната копачка“ која се доделува на првиот стрелец во Европа.

Меѓу најдобрите 11-мина петмина играчи доаѓаат од Премиерлигата и од шпанската Примера и само еден играч од италијанската Серија А.

Покрај Роналдо, место во тимот има и за петмина шпански репрезентативци, кои беа дел од „црвената фурија“ што триумфира на Европското првенство во Австрија и Швајцарија.


Најдобар тим во светот во гласањето на фудбалерите е: Икер Касилјас (Реал М.) – голман; Серхио Рамос (Реал М.), Џон Тери (Челси), Рио Фердинанд (Манчестер ј.), Карлес Пужол (Барселона) – одбрана; Стивен Џерард (Ливерпул), Рикардо Кака (Милан), Чави Хернандес (Барселона) – среден ред; Лионел Меси (Барселона), Фернандо Торес (Ливерпул), Кристијано Роналдо (Манчестер ј.) – напад.

ohridnews