Најпопуларната италијанска новинарка Дилета Леота во својата завршна емисија за Серија А во 2019 година која ќе се емитува на 26 декември го нагости Кристијано Роналдо. Во делот од емисијата, кој е употребен како најава, Португалецот на шарматната Дилета Леота и откри како настанала прославата на головите. Роналдо во скок гестикулира со рацете, а чим застане на земја извикува „Сии!“. Не успешен обид за симулација на прославата имаше Италијанката, пред Роналдо да и покаже како точно треба.
- Точна причина нема. Игравме со Челси на подготовки во САД и тогаш јас постигнав погодок и направив нешто такво. Навивачите добро го прифатија, а со играчите на тренинг долго време така се зафркававме. Тоа дојде само од себе. Најдобрите работи често така се случуваат. – изјави Роналдо.
Во емисијата која ќе се емитува на „Дзоун“ телевизијата, Леота и Роналдо зборуваат за актуелни теми поврзани со фудбалот и животот на Португалецот.
OhridNews