“Римската волчицата“ обезбеди пласман во 1/2 финалето од Копа Италија. Деветкратниот освојувач на купот, Рома на Олимпико со минимални 1-0 ја совлада Катанија. Даниеле Де Роси беше стрелецот на голот вреден полуфинале.
 


Останатите двајца патници ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите Интер – Јувентус, Милан – Удинезе, претходно Фиорентина обезбеди пласман меѓу најдобрите четири победувајќи го бранителот на трофејот Лацио со 3-2.

Мх.П.