Со голот на Давид Пизаро од пенал во последната минута од мечот Рома прокнижи нови три бода совладувајќи го Лече со 2-1. Вучиниќ го отвори резултатот, Џакомаџи ја поништи предноста на “волчицата“ но во финишот избраниците на Монтела стигнаа до вториот триумф под негово водство.


Вечерва се игра големото дерби во Италија во кое Јувентус го пречекува Милан.