Римската волчица ја продолжи победничката серија откако со 4-1 го совлада Палермо на домашен терен. Во шестата победа во серија главна улога одигра Матео Бриги кој на двапати асистираше и на два пати ја погоди мрежата на Палермо. Головите ги постигна во 33 и 62 минута,додека успешно ги проигра Баптиста и Рисе кои погодија во 53 односно 81 минута. Почесниот гол за фудбалерите на Делио Роси го постигна Фабрицио Миколи.

Резултати: Рома – Палермо 4-1, Сампдорија – Фиорентина. 2-0.

Интер во пресрет на гостувањето во Наполи има 53 бода, следува Рома со 47, додека Милан е трет со 45 .

М.П.