Холанѓаскиот интернационалец Рој Макај  стави крај на својата професионална кариера. Макај на последниот натпревар за Феенорд со Херенвен постигна хет трик и го одведе во Лигата на Европа.

35-годишниот напаѓачот кариерата ја започна во 1993 година во Витесе, потоа продолжи во Тенерифе, најблескавите моменти во неговата кариера беа во Депортиво Ла Коруња каде во 133 натпревари постигна 76 погодоци, за во 2007 година да прејде во најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен.  

Боите на Холандија Рој Макај ги бранел 45 пати,  притоа постигнувајќи 6 погодоци.

– Зад мене е фантастична 17-ет годишна кариера. Горд сум што ја завршив кариерата во голем клуб како што е Феенорд. изјави Рој МакајВ