Баерн Минхен на Алианц Арената во 1/2 финалето со минимални 1-0 го совлада францускиот преставник во Лигата на шампиони, Лион. Погодокот вреден победа за Баерн Минхен го постигна холандскиот репрезентативец Арјен Робен во 69-та минута.


Баварците обезбедија минимална предност  во мошне нервозен натпревар со два црвени картони. Главниот арбитар Роберто Росети  во првото полувреме по еден груб старт на Рибери над Лисандро Лопез му покажа директен црвен картон.


Силите да бидат израмнети на теренот се погрижи средниот фудбалер на Лион, Туалан ,кој  за 3 минути доби два жолти картони што воедно значеше и црвен картон.

ОhridNews