Чекор напред направи тимот на македонскиот интернационалец Стевица Ристиќ, Амкар играјќи 2-2 на гости кај Сатурн. Ристиќ кој го постигна третиот гол сезонава,  погоди за 1-1 во 55 минута, додека му асистираше во 89 минута на Пеев за конечните 2-2 и голем бод од гостувањето во трката за опстанокот.

На две рунди пред крајот Амкар има исто бодови со Аланија Владивосток, последните два меча на домашен терен ги против Спартак и ЦСКА Москва.

OhridNews