Охридските фудбалери, победија со минимални 1-0 на гостувањето кај Вардар Форино и ја искористија последната шанса за прв гостински триумф во есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ ќе забележаа повисока победа, но потфрлија во завршницата, а домаќините не искористија супер прилика за егал во 90-та минута.

Избраниците на Драган Бочески, в сабота, на домашен терен против тимот на Кадино ќе ја заокружат првата полусезона во Втората лига.

OhridNews

 

Минималец на Охрид за прва гостинска радост во Втората лига