Вчерашниот натпревар од ракометната Супер лига помеѓу Охрид и Металург, што се одигра во преполната арена „Билјанини извори“, беше вистински спортски празник. Атмосферата во салата беше исклучителна, а посебен шмек на дерби мечот му дадоа „Рибарите“. Навивачите на Охрид не беа разочарани од поразот на нивните миленици кои пружија максимум против силниот Металург, напротив тие по завршување на натпреварот уште долго останаа на трибина пеејќи песни и по заминување на акерите на натпреварот во соблекувалните. Песната на „Рибари“ ги врати од соблекувална ракометарите на Охрид кои со аплауз им се заблагодарија на најверните навивачи за поддршката.

OhridNews