Навивачката група „Рибари“, денеска (сабота), со голема прослава ќе одбележи 25 години од постоењето. Навивачите за роденденската прослава се подготвуваа речиси еден месец, а синоќа се одржа и „генерална проба“.
Рибари подготвени за роденденскиот спектакл
Рибарите се наштимани за мечот помеѓу РК Охрид и РК Прилеп кој се игра во 19 часот во спортската сала „Билјанини извори“. Собрирно место на навивачите од сите генерации кои денес ќе се обединат по повод 25 роденден е во 16 часот на плоштадот кај стариот Чинар.
OhridNews