Навивачката група „Рибари“ од Охрид, која вчера на спектакуларен начин го одбележа 25-от роденден, покажа исклучителна спортска култура и лојалност кон својот клуб, кој на прославата на нивниот јубилеј забележа пораз на домашен терен во рамки на ракометната Супер лига од Прилеп (20:23).
По завршување на мечот „Рибарите“ уште долго останаа на трибините и со песна ги поздравија актерите на мечот, што беше проследено со стоечки овации од сите присутни во спортската сала „Билјанини извори“.
Неутралните гледачи, но и претставниците на двете екипи упатија комплименти кон „Рибарите“ кои, како што рекоа, покажаа како се сака својот град, клуб и спорт.
Браво „Рибари“!
OhridNews