Во прекрасната природа на планината Јабланица се наоѓа црквата Св. Никола, на патот кој ги поврзува селата Вишни и Горна Белица. Изградена е по иницијатива на Црковниот одбор и граѓаните на селото на место каде претходно постоела стара црква. Во 1998 година е поднесена иницијативата, а отпочната е со градба во 1999 година.

На покана на Црковниот одбор Сандре Трповски ја прифаќа иницијативата да биде ктитор на црквата. Црквата беше осветена на 27 октомври со црковна церемонија на празникот посветен на Света Петка.

Верниците од овој регион го почитуваат и слават Св. Никола. Црквата е посетена за празникот на светецот во декември каде верниците досега спонтано се организирале, а отсега и организирано со литургија.

Во туристичка смисла следна идеја на Црковниот одбор на Света Спаса Вишенска е да се оплемени просторот.

Н.С.Ј.

видео. Б.Стојаноски

фото. Емил Јовановиќ