Без победник 1-1 заврши дерби пресметката меѓу Јувентус и Рома во Торино. Бјанконерите поведоа во 35 минута со голот на Јакинта, додека “волчицата“ изедначи преку иконата на клубот Франческо Тоти од пенал во финишот на првиот дел.


Во воведниот натпревар “виолетовите“ во Фиренца ја совладаа Чезена минимално со 1-0 благодарение на голот на Алберто Џилардино.


Во вечерниот термин се игра “Дерби дела Мадонина“ во кое актуелниот првак Интер го пречекува лидерот Милан.