Голема радост, измешани реакции на актерите во градското дебри помеѓу Лацио – Рома се дел од спектаклот кои го пружат овие две лути ривали. “Волчицата“ триумфираше над лидерот на табелата во Серија со 2-0, а во центар на внимание беше главниот арбитар Морганти кои досуди два пенали во корист на “џало росите“.
Ударот по првиот пенал на Бориело доста среќно под телото на Муслера заврши во мрежата, додека Мирко Вучинич не му даде никаква шанса на уругвајцето потврдувајќи ја победата на “волчицата“.
– После натпреварот фудбалерите ми нагласија дека не можат да играат против дванаесет фудбалери алудирајќи на главниот судија Морганти. Натпреварот го одлучија две судиски грешки, нас ни е скратен еден пенал додека на нив му се поклонати два. Во таборот на Рома пред дербито беа гласни дека никогаш не добиле помош од судиите. После тоа што се случуваше на дербито срамота е да изговорат лош збор за судиите – вели кормиларот на “небесно сините“ Едуардо Реја.
Поразот на Лацио во градското дерби најдобро го искористи Милан, кој триумфираше на гостувањето кај Бари со 3-2, и е на два бода заостанување зад лидерот на табелата.
Видео : Лацио на колена пред “волчицата“
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com