Кралскиот клуб од Мадрид благодарение на двоецот Кака – Роналдо со цел плен се враќа од гостувањето кај последно пласираниот Ксерез. Сепак Арбелоа беше тој кој го скрши отпорот на домашните, по еден час игра. Потоа на сцената стапи дуото Кака – Роналдо кои за две минути постигнаа уште два гола и го затворија поглавјето Ксреез. Претходно Хихон и Валенсија ремизираа играјќи 1-1.

М.П.