Реал Мадрид со голот на Рафаел Ван Дер Варт во 92 минута ја победи Севиља со 3-2. Кралевите до победата на денот од 108 годишнината од формирањето стигнаа со пресврт благодарение  на головите на Роналдо, Рамос и Вандер Варт. Претходно до 0-2 гостите ги одведе авто голот на Алонсо и погодокот на Драгутиновиќ.

Алмерија ја продолжи позитивната серија која трае шест кола отакако на домашен терен ремизираше со Барселона играјќи 2-2. Три пати избраниците на Гвардиола ја затресоа мрежата но еднаш Пујол ја погоди својата, додека Меси на двапати противничката. Стрелец на голот за домашните беше Чисма. По расправијата со судијата Гвардиола вториот дел од мечот го проследи од трибините.

Ohridnews