Фудбалерите на Реал Мадрид со неверојатни 7:0 го торпедираа Ваљадолид на ”Сантијаго Бернабеу”. Серијата голови ја започна Баптиста, а до крајот на првото полувреме “кралевите” постигна уште 4 гола и тоа преку: Раул (два гола од кои едниот од пенал), Робен и Гути. Во вториот дел лидерот постигна уште два гола (Гути и Дренте) зголемувајќи ја предноста на табелата на плус осум бодови.
Резултати 23-то коло во шпанската Примера:
Билбао – Леванте 1:0,
Еспањол – Рекреативо 1:2,
Мајорка – Алмерија 0:0,
Осасуна – Сарагоса 1:0,
Расинг – Атлетико Мадрид 0:2,
Реал Мадрид – Валјадолид 7:0,
Валенсија – Бетис 3:1,
Депортиво – Гетафе 1:1,
Мурсија – Виљареал 0:1,
Севиља – Барселона 1:1.
Табела: Реал Мадрид 56, Барселона 48, Виљареал 42, Атлетико 41, Еспањол 39, Расинг 34, Севиља 33, Алмерија 33, Валенсија 33, Сарагоса 29, Мајорка 28, Гетафе 28, Ваљадолид 27, Билбао 26, Осасуна 26, Бетис 25, Рекреативо 25, Депортиво 24, Мурсија 23, Леванте 13.