Реал Мадрид со победа над ЛА Галакси 4-1 ги започна подготовките во Америка. Избраниците на Мурињо лесно со уверлива игра стигнаа до рутиниран триумф. ЗЅвездата на ЛА Галакси, Дејвид Бекам одигра епизодна улога во поразот на “езерџиите“.

Стрелци за “кралевите“ беа новајлиите Калејон и Жозелу, моторот на екипата Кристијано Роналдо и францускиот напаѓач Карим Бензема. Почесниот погодок за “американците“ го постигна Крисман.

Мх.П.