Реал Мадрид ремизираше на гостувањето кај Алмерија со 1-1. Домаќинот поведе со 1-0 во 60-та минута по погодокот на Улоа.

“Кралевите“ во преостаните пола сат од натпреварот нападнаа со целиот “арсенал“, единствено патот до мрежата го најде Естебан Гранеро во 77-та минута по асистенцијата на французинот Бензема.


“Лос бланкос“ во судсикото продолжение преку Роналдо имаа шанса да триумфираат но гредата беше сојузник на голманот на Алмерија, Диего Алвес.

Барселона немаше проблеми со Малга, победувајќи со 4-1. “Блауграна“ профитираше по киксот на Реал и во трката за титулата му побегна за нови два бода.

Резултати: Валенсија – Депортиво 2-0, Алмерија – Реал М 1-1, Барселона – Малага 4-1,
Табела : Барселона 52 , Реал М. 48, Виљареал 42, Валенсија 37,  . . .

Мх.П.