Барселона го искористи киксот на Реал и по триумфот во дербито над Виаљареал со 1-0 се одлепи на недостижни плус осум пред кралскиот клуб.


Денот лошо започна за избраниците на Мурињо кои беа поразени од Спортинг Хихон на “Сантијаго Бернабеу“ со 1-0  благодарение на голот на Мигуел во 79 минута.



Дефанзивецот Жерард Пике беше човекот на одлука за тимот на Гвардиола, кој во последните осум рунди ќе влезе со солидна предност од осум бода.


Валенсија направи голем чекор кон обезбедување на третото место по триумфот со 4-2 на гостувањето кај Гетафе.

М.П.