Аргентинецот Ерик Ламела го одбележа лондонското дерби помеѓу Арсенал и Тотенхем, кое заврши во корист на „топчиите“ со 2-1. Ламела во 33-та минута го отвори резултатот, постигнувајќи ефектен погодок со „рабона“ удар. Домаќините до финишот на првиот дел израмнија 1-1 со голот на Мартин Одегард. Во вториот дел го свртија резултатот во своја полза, после погодокот од пенал на Александар Лаказет. Во продолжението Ламела повторно беше во фокусот но поради црвениот картон. „Петлите“ со десет фудбалери неможеаја да се спасат од пораз.

Екипата на Јувентус со триумф над Каљари 3-1 ги залечи раните за елиминацијата во Лигата на Шампиони. „Старата дама“ до триумфот на гостувањето кај Каљари дојде на крилата од Кристијано Роналдо, кој ги постигна трите погодоци. Роналдо хет трикот го комплетираше за 22 минути. Португалецот стрелаше прецизно во 10-та, 25-та и 32-та минута.

OhridNews