Бестрашниот руски премиер, Владимир Путин, возеше формула еден, леташе со борбен авион, јавно ги покажуваше своите мускули и боречки вештини, а сега и запеа.

На хуманитарниот концерт во Санкт Петерзбург на кој се собирале средства за деца болни од рак и со болест на видот, Путин свиреше на клавир и ја отпеа класиката на Луси Армстронг „Blueberry Hill“.

– Јас како и многумина други не знам да свирам и да пеам, но сакам да го правам тоа, изјавил Путин пред да се качи на бината.

На крајот од хуманитарниот концерт присутните ѕвезди заедно со Путин отпеаа и еден руски хит од осумдесетите години.


OhridNews