Кошаркарите на АВ Охрид забележаа победа на отворањето на новата сезона во Првата кошаркарска лига, откако вечерва пред своиите гледачи во спортската сала „Билјанини извори“ забележаа сигурна победа над Пелистер од Битола со 73-61 (19:10; 24:20; 13:12; 17:19).
Охриѓани одлично го отворија натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 19:10. Во втората продолжи доминацијата на домашниот тим кој го зголеми водството за двоцифрена предност на полувремето 43:30. И третиот период го добија кошаркарите на КК АВ Охрид со 13:12 за водство од 56:42, а битолчани беа поуспешни во последниот период кој го со добија 17:19.
Најефикасен играч на мечот беше капитенот Слободан Михајловски од КК АВ Охрид со 26 поени, Лука Милојевиќ уфрли 15, а Марјан Младеновиќ 12 кај домашниот тим. Кај гостите најефикасен беше Фил Хокинс со 21 постогнат кош.
Мечот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон американскиот интернационалец Камерун Мур кој почина на тренинг на КК АВ Охрид пред почетокот на сезоната.
Натпреварот помеѓу КК АВ Охрид и Пелистер од Битола можеше да се следи во живо на OhridNews со коментар на Михаил Постоловски.
Во второто коло кое на програмата е следната сабота КК АВ Охрид гостува во Кавадарци на Фени индустри.
OhridNews