Во тензична атмосфера поминаа протестите кои во организација на Граѓанското движење „Протестирам“ и „Граѓанското движење за одбрана на Македонија“ се одржаа вчера во Охрид.

Бидејќи протестите беа закажани во исто време и нивните планирани маршути на моменти се поклопуваа, истите беа регулирани и обезбедувани од голем број припадници на полициските сили, кои пренасочувајќи ги учениците на двата протеста спречија можни судири и инциденти помеѓу двете групи.

OhridNews