Музичарите од Охрид и Струга од сите музички правци организирани во Здружението „Охридски музички еснаф“, денеска одржаа мирен протест во центарот на Охрид на кој побараа државата да донесе соодветен протокол со кој ќе им овозможи да работат.

Овој протест нема никаква врска со избори и партии. Нашите барања се легитимни затоа што загрозена е нашата егзистенцијата, бидејќи, не може да обавуваме дејност. Од друга страна трпи и понудата на рестораните и кафулињата но и туризмот, беше истакнато на протестот на кој покрај претставници на Охридскиот музички еснаф и музичари, се обратија и претставници на музичкиот еснаф и музички здруженија oд земјата кои изразија поддршка на барањата на колегите од Охрид и Струга.

Здружението на музичари „Охридски музички еснаф“ брои 96 регистрирани членови.

Г.М.