Објавено е првото видео од кампањата на специјализираниот авто салон за продажба на користени возила од Охрид „Терен ауто плус“ со познатиот актер Горан Стојаноски, што го изработи продукцијата „Kumev brothers“.
Креативната кампања на „Терен ауто плус“ и Горан Стојаноски кој неодамна ја доби наградата „Златна Буба Мара“ за најпопуларен актер во земјата, ќе има повеќе продолженија, а ќе се емитува на Интернет, Фејсбук, Инстаграм и You tube.
За кусо време, колку што постои, специјализираниот авто салон за продажба на користени возила „Терен ауто плус“ во населбата Рача, со понудата, квалитетот и креативниот начин на презентација, се наметна како лидер на пазарот на користени возила во регионот, за што потврда се бројните задоволни клиенти.
OhridNews