Его е песна на Јован Куцин која своја светлина и премиера на социјалните мрежи ја доживеа деновиве.

Неговата наклонетост кон живата свирка и човечкиот допир на инстументите има влијание и во самиот звук на оваа песна. Потписот на песната го ставија Јован Куциноски на акустична гитара, Владимир Кречоски – бас гитара,, Благоја Антовски – тапани, а на саксофон со свој автентичен печат и емотивно соло имаше Горан Папаз.

Папаз и Куцин имаат долга музичка хемија, а Его е само еднa од многуте заеднички соработки.

Миксот и мастерингот на песната е на Роберт Билбилов. Како комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот стои Јован Куцин.

Его е за сите кои не успеале да најдат ‘средина’, за новото време на докажување, за потребата да се биде секогаш во право, за самобендисаностa – вели Јован Куцин.

OhridNews